Што беше постигнато со средствата на инвеститорите?

Што беше постигнато со средствата на инвеститорите?

На Меѓународната конференција на SOLARGROUP во Москва, Александар Сударев објасни на кој начин „Совелмаш“ се подготвува за пуштање во работа на Бирото за проектирање и инженеринг. Компанијата е многу близу до добивање сертификат за завршеток на изградбата — се очекува тоа да се случи до крајот на годинава.

Во погоните на компанијата се поставува специјализирана опрема која ќе ја зголеми ефикасноста на работата.

• Уредена е лабораторија во која електромоторите ќе бидат тестирани со висока прецизност. Во неа веќе се инсталирани три товарни машини, а има и додатен простор за уште помоќна опрема. Произведувачите на опрема за мерење признаваат дека лабораторијата на „Совелмаш“ е една од најпрецизните во Русија.

• Инсталирана е ласерска опрема, CNC режачи и глодалки. На пример, потребни се големи режачи за изработка на прототипови на куќишта за воздухопловни мотори, моторни тркала и копнени возила.

• Воспоставен е погон каде што ќе се врши површна монтажа. Ова е многу важна лента за претпријатието бидејќи овде ќе се креираат регулаторите за фреквенција кај моторите.

• Беше испорачана и автоматизирана опрема за леење која ќе извршува една од клучните технолошки операции во сериското производство на мотори.

• Автоматизираната производствена лента за електромоторите со величини 86 до 132 беше поставена на својата трајна локација. Компанијата ќе ја користи за да покаже дека има капацитет да произведува мотори со комбинирани намотки за своите клиенти.

Опремени се и другите погони од производствениот дел на зградата. Степенот на автоматизација на претпријатието е прилично висок; еден до двајца оператори можат да ја вршат целата потребна работа за еден дел од машините, а со тоа се намалуваат трошоците.

Почетокот на комерцијалните дејности на Бирото „Совелмаш“ го спречува само фактот што, според законите на Руската Федерација, компанијата не може да започне со работа сѐ додека не ги добие сите дозволи. Во објектот можат да бидат присутни само градежни работници и оние што се вклучени во пуштањето на опремата во функција.

Во најскоро време, кога ќе ги помине сите потребни инспекции и ќе добие сертификат за завршеток на изградбата, „Совелмаш“ ќе може да направи голем чекор напред и да ги забрза активностите за Бирото да почне да работи со полн капацитет. Истовремено, сега сѐ уште може да купите удели во компанијата поевтино отколку во завршната фаза од финансирањето на проектот, кога веќе ќе биде добиен сертификатот. Побрзајте да ја искористите оваа можност заклучно до 29 декември!

Инвестирајте во „Совелмаш“