Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

Резултати од седмицата на проектот „Моторите на Дујунов“

На 16 септември се одржа најочекуваниот настан во годината за сите учесници во проектот: Меѓународната конференција на SOLARGROUP во Москва. Таму се зборуваше за напредокот и плановите поврзани со проектот, беа објавени главните новости и резултатите од финансирањето, беше прикажана опрема заснована на „Славјанка“, како и документите на компаниите.

Во блиска иднина ќе Ви изнесеме повеќе информации за конференцијата. Снимка од преносот на овој настан има на следниов линк.

Една од главните новости на конференцијата беше продолжувањето на промоцијата „Ви благодариме“ на темел на бројните барања на инвеститорите и партнерите во проектот. Претходно се планираше промоцијата да заврши на 15 септември, и затоа накратко беше прекината. Но, сега може да ја искористите заклучно до 30 септември.

Детали за промоцијата има на следниов линк.

Во склоп на дневниот ред на конференцијата на SOLARGROUP, инвеститорите и партнерите од разни земји го посетија градилиштето на „Совелмаш“. Александар Сударев ги водеше во обиколка на градилиштето. Исто така, тие имаа прилика да разговараат со Дмитриј Дујунов.

Посетата на гостите не ги попречи градежните активности, кои продолжија да се одвиваат како и вообичаено.

• Продолжија подготовките за асфалтирање на еден дел од градилиштето.
• Во ископаните канали беше поставувана телеметријата, осветлувањето и други кабли за ниска струја.
• Во тек беа и подготовките за дупчење под коловозот, кое е потребно за да се поврзе системот за атмосферска канализација со централната мрежа.
• Продолжија и работите на топловодната станица, внатрешните завршни работи во административната зграда, поставувањето на внатрешните комунални мрежи и вентилацискиот систем, и други активности.

Следете ги нашите новости за да бидете во тек со проектот „Моторите на Дујунов“.

ДРУГИ НОВОСТИ