Како напредуваат подготовките за производство на мотори засновани на „Славјанка“

Како напредуваат подготовките за производство на мотори засновани на „Славјанка“

Проектот не напредува само со изградбата на Бирото „Совелмаш“. Истовремено се одвива и друга работа која не е толку видлива на прв поглед, но сепак е многу важна. Имено, компанијата поставува автоматизирана лента за производство на мотори, работи на своите иновации и на специфични производи.

Во новото видео, заменик-генералниот директор за односи со јавност при „Совелмаш“, Александар Сударев, и водечкиот развоен инженер на компанијата, Евгениј Дујунов, објаснуваат како напредуваат подготовките за производство на моторите засновани на „Славјанка“, на какви пречки се наидувало и како биле надминати.

Стручњаците на компанијата сега завршуваат со пуштањето во погон на машините од автоматизираната лента, каде што ќе се произведуваат индустриски електромотори за општа намена (величина 100) со комбинирани намотки „Славјанка“. Машината со која се поставува изолацијата на жлебовите сега е спремна за употреба. А спремни се и машините за средно и завршно обликување. Следната фаза е конечно пуштање во работа на машината за повлекување на намотките.

По пробното пуштање во работа на лентата и производството на првите мотори, ќе започнат подготовките за нивните лабораториски тестирања со цел да се потврдат сите карактеристики.

Исто така, во видеото ќе ја видите аголната брусилка која ја дизајнираше компанијата „Совелмаш“ таква каква што ќе се произведува.

Погледнете го за да дознаете нешто повеќе.

ПОДДРЖЕТЕ ГО „СОВЕЛМАШ“