Колку средства ѝ префрли SOLARGROUP на компанијата „Совелмаш“ во 2024 год.?
За ова зборуваа раководителите на SOLARGROUP на информативниот вебинар за резултатите од годината кој се одржа на 18 декември.
1.003.207.397 рубљи е рекордниот префрлен годишен износ во текот на целиот проект! За првпат го преминавме прагот од 1 милијарда рубљи во трансфер на средства за една година. Ви благодариме за поддршката!
Сергеј Семјонов, генералниот директор на SOLARGROUP изјави: „Планиравме да префрлиме 600 милиони рубљи во првите шест месеци, и за тоа ни требаа двојно повеќе инвестиции. Сепак, ја постигнавме целта, сите инвеститори активно соработуваа, и успешно ги завршивме првите шест месеци од финансирањето. Во втората половина од годината, за проектот беа потребни помалку средства, и затоа си поставивме цел од 300 милиони рубљи. Но, заедно со вас го надминавме тој износ“.
Овие средства беа искористени за довршување на изградбата на Бирото „Совелмаш“, како и за набавка на современа специјализирана опрема, чие купување сѐ уште е во тек. Сето ова е неопходно за да може претпријатието да работи што поуспешно уште од самиот почеток.
Еве уште неколку бројки кои многу кажуваат:
• Во 2024 год. на SOLARGROUP му се придружија повеќе од 10.000 нови инвеститори.
• Во текот на годината беа купени над 19,5 илјади нови инвестициски пакети. Ова покажува дека луѓето не инвестираат само еднаш во проектот, туку имаат доверба во нас и повторно нѐ избираат.
Павел Филипов, раководителот на одделот за реклами и односи со јавност при SOLARGROUP, изјави: „Ова е голема победа за сите инвеститори и, општо земено, за колективното инвестирање. Јасно е дека крудинвестирањето не само што функционира и се развива, туку има и неверојатен потенцијал, и со негова помош можат да бидат реализирани проекти од секаков обем“.
Може да ја гледате снимката од завршниот вебинар и да ги дознаете сите информации за напредокот на нашите проекти во 2024 год., со превод на различни јазици на YouTube.
Драги пријатели! Благодарение на нашите заеднички рекорди, проектот ќе премине во завршната фаза од финансирањето на 30 декември. Ова значи дека преостанува уште сосем малку време за да го зголемите вашиот удел во „Совелмаш“ под најповолни услови или да станете инвеститори за првпат.