Инвеститорите и партнерите од Виетнам задоволни од својата посета на „Совелмаш“

Инвеститорите и партнерите од Виетнам задоволни од својата посета на „Совелмаш“

Солзи радосници и гордост поради своето учество во проектот — тоа беа емоциите на инвеститорите и партнерите од Виетнам кои за првпат беа во посета на инженерскиот центар кој е во изградба. Тие веќе неколку години активно инвестираат во проектот „Моторите на Дујунов“ и го промовираат во својата земја, и затоа посетата на Москва за нив беше скапоцен дар од SOLARGROUP.

Погледнете го видеото со впечатоците на учесниците од Виетнам.

Гостите имаа прилика да разговараат со Дмитриј Дујунов. Александар Сударев ги водеше во обиколка на Бирото и одговараше на нивните прашања. Исто така, беа одржани средби меѓу гостите од Виетнам и раководството на SOLARGROUP, а Андреј Лобов подетално ги запозна со опремата заснована на „Славјанка“. Ќе ви кажеме нешто повеќе за тоа во некоја следна објава.

Повеќе информации и впечатоци за патувањето во Русија може да најдете во снимката од вебинарот во кој учествуваа водечки партнери и инвеститори од Виетнам, како и раководителот на партнерската мрежа на SOLARGROUP, Сергеј Шевченко. Вебинарот беше посебно наменет за виетнамска публика, и беше преведуван на руски јазик. Снимка од преносот е достапна овде.

Во посета на „Совелмаш“ беа 17 гости. Секој од нив ќе се врати во Виетнам со позитивни емоции, со многу корисни информации, со зајакната доверба во успехот на проектот, и ќе го сподели сето ова со своите сонародници.

Вреди да се спомне дека во состав на делегацијата беше и една личност која сака во Виетнам да изгради фабрика за производство на индукциски електромотори со комбинирани намотки засновани на „Славјанка“. Тој разговараше за понатамошна соработка со „Совелмаш“ со претставници на компанијата. Посетата на гостите од Виетнам може да биде многу значаен настан за развојот на проектот.

ПОДДРЖЕТЕ ГО ПРОЕКТОТ